3D во Милениум
За прв пат вечерва во киното „Милениум“ ќе биде прикажана 3Д документарен филм „Пина“ во режија на големиот европски и светски режисер Вим Вендерс. Проекцијата започнува во 20 часот, а веќе од недела ќе биде ставен филмот на редовен репертоар со проекција во 22:30. Во недела во 20 часот закажана е 3Д премиерата ан филмот „Најмрачниот час“ од Крис Горак кој исто така ќе биде ставен на редовниот репертоар со проекции во 17:30 и 20:00.
„Пина“ е документарец во режија и сценарио на Вим Вендерс, кој е посветен на светски познатата изведувачка на модерен танц Пина Бауш, која е и кореографка, професорка по танц и балетска режисерка.
Филмот „Најмрачниот час“ е во режија на Крис Горак кој зборува за хаосот што настанува кога целиот свет одненадеж останува без електрична енергија. Зад катастрофата стои непознат вонземјански вид, кој има контрола врз електричните мрежи. Во Москва група млади луѓе успеваат да се скријат и да ги преживеат нападите.